Delivery and replacement

ДОСТАВА

МК Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали постојат одредени недостатоци на доставениот производ.По направената нарачка, ќе добиете меил за потврда на успешноста на нарачката. Доколку нарачката е направена во петок после 13h или во текот на викендот, вашата нарачка ќе биде испратена во работен ден. Плаќањато на нарачката може да се изврши само дирекно во моментот на преземање на истата.Односно на лице место при подигањето.

Вообичаен рок за испорака е 1-3 работни дена. Цената на доставата за територија на цела Република С. Македонија изнесува 130 денари преку Тотал Пост Логистик и доставата ќе биде извршена до адресата која ке ни ја наведете. Достава до подалечните рурални средини не се извршува.

ВАЖНО: Бесплатна достава за порачка над 4000 денари! Трошокот на испорака го плаќа самиот купувач. Доколку нарачката биде вратена од курирската служба поради неуспешен обид за достава на пратката, пратката се враќа назад со што добивате ЗАБРАНА за било каква порачка во иднина од нашата продавница.

Во случај кога е доставен несоодветен производ, Ве молиме да не известите на бројот +389 72 311 667  и тоа во рок од 24 часа од моментот на доставувањето. Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат превземени со цел да ги остварите Вашите права како потрошувач.

ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОД

Доколку е потребна замена на производот кој бил соодветно испорачан од страна на БИАНА ТРАДЕ, трошокот за враќање и преземање на новиот производ го презема самиот купувач. БИАНА ТРАДЕ ја презема обврската за подмирување на трошокот само доколку испорача несоодветен производ во однос на модел. Замената се прави преку креирање нова нарачка, во чија забелешка посочувате дека станува збор за замена. Најавата за замена во курирската служба е обврска на БИАНА ТРАДЕ. Откако производот биде вратен во БИАНА ТРАДЕ и се утврди дека не бил употребуван, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, ќе ви биде пратен новиот производ. Клиентот може да направи замена на големина или замена на модел. Доколку цената на новиот артикал е повисока, клиентот ќе ја доплати разликата. Доколку доставениот производ не одговара на нарачаниот во однос на формата, моделот, бојата или од други причини отстапува од нарачаното, тогаш Вие имате право за доставениот производ да побарате замена во рок од 15 дена од денот на продажбата. Ова право на замена важи само доколку производот не бил употребуван, ако е сочуван неговиот изглед, употребни својства, пломби, фабрички етикети и сл. Доколку е потребна замена на производот, трошокот за враќање и преземање на новиот производ го презема самиот купувач. БИАНА ТРАДЕ ја презема обврската за подмирување на трошокот само доколку испорача несоодветен производ во однос на боја или модел.

Scroll Up