ЗА НАС

Фабрика за чевли BIANA TRADE е формирана во 1993 година како пионер во чевларска индустрија на Република С.Македонија Основачот на компанијата е Г-дин Среќко Стоилковски кој е искусен лидер во чевларството. Тој има завршено високо образование во Белград, Србија и долгогодишно работно искуство во ЧИК Куманово.
Компанијата главно се занимава со изработка на женски чевли и сандали за секојдневна употреба. Тимот на компанијата работи во чекор со времето и новите трендови Познатиот бренд BIANA TRADE е водечки бренд како на домашниот така и на странскиот пазар. Чевлите коишто се изработуваат во BIANA TRADE се изработени од високо квалитетни природни материјали со вградени анатомски и ортопедски ѓонови кои нудат удобност при носење додека пак во самата изработка се вградуваат природни еко лепкови по сите стандарди.
Моделите на BIANA TRADE нудат голем избор на боја и дизајн кои се во чекор со последните модни трендови истовременооставајќи свој креативен печат. Дневното производство на BIANA TRADE се движи од 250-300 пара и е организирано во пет фази:
- Моделирање
- Кроење
- Шиење
- Монтирање
- Пакување


Чекор 1
Разгледајте ја нашата веб страница и изберете го моделот на обувки кој највеќе ви се допаѓа.


Чекор 2
Изберете го посакуваниот модел и внесете го во кошничка.


Чекор 3
Пополнете ги потребните информации за креирање на нарачка

Чекор 4
Штом се евидентира нарачката, истата ќе биде испорачана на вашата адреса за 1-3 работни дена
Доколку имате било какви прашања при навигација или креирање на нарачки на нашата веб страница, слободно исконтактирајте не