ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОД
Доколку е потребна замена на производот кој бил соодветно испорачан од страна на БИАНА ТРАДЕ, трошокот за враќање и преземање на новиот производ го презема самиот купувач. БИАНА ТРАДЕ ја презема обврската за подмирување на трошокот само доколку испорача несоодветен производ во однос на модел.
Замената се прави преку креирање нова нарачка, во чија забелешка посочувате дека станува збор за замена. Најавата за замена во курирската служба е обврска на БИАНА ТРАДЕ.
Откако производот биде вратен во БИАНА ТРАДЕ и се утврди дека не бил употребуван, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, ќе ви биде пратен новиот производ. Клиентот може да направи замена на големина или замена на модел. Доколку цената на новиот артикал е повисока, клиентот ќе ја доплати разликата.
Доколку доставениот производ не одговара на нарачаниот во однос на формата, моделот, бојата или од други причини отстапува од нарачаното, тогаш Вие имате право за доставениот производ да побарате замена во рок од 15 дена од денот на продажбата.
Ова право на замена важи само доколку производот не бил употребуван, ако е сочуван неговиот изглед, употребни својства, пломби, фабрички етикети и сл. Доколку е потребна замена на производот, трошокот за враќање и преземање на новиот производ го презема самиот купувач.
БИАНА ТРАДЕ ја презема обврската за подмирување на трошокот само доколку испорача несоодветен производ во однос на боја или модел.